Настани roki

3 април, 2014

Роџер Санчез со сензационална забава под отворено небо

Со желба настапот на амбасадорот на денс музиката РОЏЕР САНЧЕЗ во Скопје да ги задоволи желбите на неговата македонска публика која реагираше директно нас со оглед на временските прилики, како и сите аспекти неопходни за големата забава која Греми наградуваниот продуцент и диџеј ја подготвува за 16 мај во Скопје, Ве известуваме дека неговата „Release Yourself забава ќе се одржи на отворено и ја преместуваме локацијата на настанот на Скопско Лизгалиште (Кале), јавуваат од Пасворд Продукција. 

Подвигот „Release Yourself“ вечерта кај нас да биде „опен-ер“ забава сигурни сме дека дополнително ќе ги израдува сите фанови на маестралниот Роџер Санчез и добрата журка! Топлото време, отвореното ѕвездено небо, мистично осветлениот крст на Водно и енергичните хаус сетови се синоним само за добра забава и одличен провод. И додека со нестрпливост ја чекаме летната сезона, најдобар начин за отворање на истата е токму одличната можност за дружење со пријателите и бројните следбеници здружени на исто место во име на добрата и незаборавна забава. Aко Роџер Санчез минатата година успеа да ја сруши посетеноста на „Грин Бич“ фестивалот со повеќе од 10 000 фанови, во оваа прилика веруваме дека сензационалниот РОЏЕР САНЧЕЗ загарантирано вечерта на 16. мај на Скопско лизгалиште ќе нè натера долго да ја паметиме како најдобрата журка пo априлските пости и вонредни избори.

Во организација на Пасворд Продакшн и Октопуси Ентертеинмент, на сензационалната вечер на 16 мај на Скопското лизгалиште, еден од најуспешните артисти на електронската музичка сцена Роџер Санчез ќе ја претстави својата нова музика, препознатливите секси-вокали и адреналински ритми со голема „Release Yourself“ забава.

Ве потсетуваме дека треба да побрзате за влезниците за „Release Yourself“ забавата со Роџер Санчез кои се веќе достапни во продажба по првата промотивна цена од 400 денари! По завршувањето на промо акцијата или по истекот на залихите, билетите ќе чинат 500 денари во претпродажба и 600 денари на денот на концертот на билетарата на Скопско лизгалиште.

Покрај регуларните влезници, во продажба се и ВИП влезниците од 1.000 денари, како и ВИП пакетите од 5.000 денари кои вклучуваат 4 ВИП влезници, барска маса и шише пијалок по избор.

Регуларните влезници можете да ги набавите преку продажната мрежа на МКтикетс, во салоните на ONE и во Југотон. Продажбата на ВИП влезниците и ВИП пакетите се спроведува само во Југотон (Скопје, ГТЦ, прв кат).

РОЏЕР САНЧЕЗ е едно од водечките светски имиња во хаус музиката. Познат како “DJ’s DJ” и “Producer’s producer,” Санчез го ужива статусот на господар на жанрот. Како вистински граѓанин на светот, Роџер го предводеше патот како амбасадор на електронското денс движење, ослободувајќи ги неговите емотивно полни и енергични сетови за френетичен танц низ подиумите ширум светот. Санчез оствари бројни хитови на европските и светските топ листи, подеднакво со својата сопствена музика и со ремиксите кои ги направи за низа музички ѕвезди вклучувајќи ги Алиша Кис, Кајли Миног, Дафт Панк, Мадона, Мајкл Џексон, „Џамиракуај“, „Гарбиџ“, „Д Полис“, „Но Даут“ и „Марун 5“. Неговиот сингл „Release Yo Self” објавен во 1996 година прерасна во светски феномен, а познат е и по своето неделно радио шоу со 15 милиони слушатели во светот, „Release Yourself“. Двонеделниот подкаст, спин-оф од радио шоуто е дистрибуиран на меѓународно ниво, а во 2007 година ја освои и првата „Best podcast“ награда на престижните „Интернешнл Денс Мјузик Авордс“ (International Dance Music Awards – IDMA). „Release Yourself“ радио шоуто имено се емитува во повеќе од 25 земји ширум светот, а на таа листа се наоѓа и македонското Антена 5 Радио. Неговите забави се светски познати како целовечерни доживувања, експлозивни петчасовни сетови експертски креирани да им приредат извонредно и воздигнувачко искуство на сите вљубеници во електронскиот звук, кое ви овозможува вистинско ослободување. Токму такво незаборавно искуство Роџер Санчез ветува и за „Release Yourself“ забавата која ќе ја приреди во Скопје.



Врати се горе ↑