Настани roger_sanchez_1

19 јуни, 2013

Роџер Санчез на „Green Beach Festival“

РОЏЕР САНЧЕЗ, амбасадорот на денс музиката и еден од најуспешните артисти на електронската музичка сцена се приклучува кон програмата на најквалитетното EDM случување кај нас, Green Beach Festival 4!

Греми наградуваниот продуцент и диџеј Роџер Санчез е едно од водечките светски имиња во хаус музиката. Познат како “DJ’s DJ” и “Producer’s producer,” Санчез го ужива статусот на господар на жанрот. Роден во Доминиканско семејство во Квинс, ЊуЈорк, тој го поминува своето детство впивајќи ги музичките влијанија кои беа дел од крвотокот на неговиот роден град. Симбиозата на различните музилки стилови од салса, блуз  и соул до диско, рок и хип хоп, го создадоа спектарот на музичкиот израз на Санчез, кој му овозможува константна потреба за редефинирање на границите на хаус музиката. Како вистински граѓанин на светот, Роџер го предводеше патот како амбасадор на електронското денс движење, ослободувајќи ги неговите емотивно полни и енергични сетови за френетичен танц низ подиумите ширум светот.

 

Санчез оствари бројни хитови на европските и светските топ листи, подеднакво со својата сопствена музика и со ремиксите кои го направи за низа музички ѕвезди вклучувајќи ги Aлиша Киз, Kајл Миног, Дафт Панк, Мадона, Мајкл Џексон, Џамирокваи, Гарбиџ, Д Полис, Ноу Даут и Марун 5. Неговиот сингл Release Yourself“ објавен во 1996 година прерасна во светски феномен – а под тоа име Санчез објави и неколку компилациски албуми (Release Yourself vol. 1-7), кои се познати како експлозивна комбинација на дип хаус, латино, трајбл и тек звуци. Познат е и по своето неделно радио шоу со 15 милиони слушатели во светот, „Release Yourself“. Двонеделниот подкаст, спин-оф од радио шоуто, е исто така дистрибуиран на меѓународно ниво, а во 2007 година ја освои и првата „Best podcast“ награда на престижните International Dance Music Awards (IDMA). Како основач на Stealth Records, Роџер оствари влијателни успеси и го остави најзначајниот белег  во музичката хаус сцена, поддржувајќи ги најсвежите нови таленти и објавувајќи некои од најдобрите траки на највлијателните имиња од денс сцената. Неговите забави се светски познати како целовечерни доживувања, експлозивни петчасовни сетови експертски креирани да им приредат извонредно и воздигнувачко искуство на сите вљубеници во електронскиот звук, кое ви овозможува вистинско ослободување. Токму такво незаборавно искуство Роџер Санчез ветува и за посетителите на четвртото издание на Green Beach Festival.

 

Green Beach Festival и обалата на плажата Парк во Охрид веќе со години е вистинско одредиште за сите кои се желни за незаборавна забава со врвните светски диџеи, а на наше особено задоволство, фестивалот и годинава ја продолжува традицијата како број 1 летен настан во Македонија и регионот. Во организација на Password Production и Octopussy Entertainment, на 2-ри август 2013 ќе се одржи четвртото издание на Green Beach Festival, настанот кој со својата програма стана една од дестинациите на светската диџеј елита. Покрај сензационалниот Роџер Санчез, на Green Beach Festival  нѐ очекува и пионерот на транс музиката Фери Корстен, чии настапи се гаранција дека ова издание на фестивалот ќе ја одбележи најдобрата електро-денс забава годинава.

Започнете ги подготовките, а наскоро очекувајте и повеќе информации за настанот кој ќе ви го одбележи и ова лето!



Врати се горе ↑