Аудио st-rm

26 август, 2014

„Родино моја“ е новата песна на Соња Тарчуловска

По повредата која ја имаше поради падот од тераса, сосема закрепната Соња Тарчуловска се враќа на македонската сцена со нова песна која го носи насловот „Родино моја“.

„Песната е снимена во студиото на Дејан Момироски и Борче Нечоски, а текстот и музиката се исто така нивни. Жанрот е секако фолк, како што се и сите мои песни, а ме привлече текстот и самата музика на песната затоа што содржински е многу богата, секако ме привлече сакањето и љубовта што ја имам кон мојата родина, Македонија“, неодамна изјави Соња за Лидер.мк

Соња нагласила дека поради здравствените причини што ги имаше не можела да работи околу година дена, но сега повторно се враќа на сцената со нови песни. Како звучи нејзината нова песна можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑