Концерт

5 април, 2016

Роденденски концерт во чест на маестро Александар Џамбазов

На 14 април во Домот на АРМ ќе се одржи концерт во чест на 80-годишнината од раѓањето на познатиот македонски композитор, маестро Александар Џамбазов. Во негова чест ќе настапат Биба Додева, Сашо Гигов Гиш, Игор Митровиќ, Андријана Јаневска, Наде Талевска и Александар Тарабунов во придружба на Македонската филхармонија. Диригент на концертот ќе биде Саша Николовски Ѓумар, на пијано ќе свири Дамир Имери, а целата манифестација ќе ја води помладиот Џамбазов, водителот, актер и музичар Игор.

На истиот концерт ќе бидат доделени и наградите на СОКОМ, а учесниците ветуваат одлична забава. Влезот за сите кои сакаат да го видат е бесплатен.

12924501_1270257696321887_4168892342127317001_n-650x460



Врати се горе ↑