Концерт 935174_10152015801641130_1787079440_n

18 март, 2014

Роденденски концерт на „СМАТ“ за 18 години постоење на бендот

Во петок, 21 март 2014 македонскиот хардкор бенд „СМАТ“ (SMUT) прославува 18 години од своето постоење со концерт кој ќе се одржи во клубот „Хавана“ во Скопје. На овој роденденски концерт бендот, заедно со својата публика и музички пријатели ќе го одбележи своето досегашно постоење и ќе го најави она што во иднина нè очекува од легендарниот сотав на домашната хардкор сцена.

По повод 18 години од формирањето на овој бенд на 21.03.2014 во клубот Хавана решивме да направиме концерт, да го преснимиме нашиот прв албум, да снимиме видео запис на самото снимање на албумот, да викнеме добри бендови кои се наши пријатели и ни се допаѓа нивната музика.

Како да беше вчера кога овој бенд почна да функционира и не постои начин да ви ја искажеме благодарноста. Не постојат зборови со кои би можеле да го опишеме тоа што го чувствуваме за вашата поддршка сите овие години.

ДА – ќе изведеме песни што не сме ги свиреле со години и ДА – ќе има гости кои не се најавени, а ќе ве изненадат! Сите кои присуствувале на нашите концерти знаат што ќе се случува, а тие што не знаат ќе дознаат!“ – истакнуваат членовите на „СМАТ“.

Како специјални гости на концертот ќe бидат Mелек (Мelekh) од Бугарија и два скопски бенда кои изминатата година извадија одлични деби албуми Шок Труперс (Shock Troopers) и Гирс (Gears)Концертот на „СМАТ“ е во организација на „Дајхард Букинг“ (Diehard Booking). Почетокот е закажан во 20:00 часот, а влезниците ќе чинат 200 денари.



Врати се горе ↑