Настани the hounds

12 август, 2013

Роденденски концерт на „Д хаундс“ во Прилеп

Оваа среда (14-ти август) во клубот Calypso во Прилеп, „Д хаундс“ќе одржат роденденски концерт прославувајќи 4 години од формирањето на бендот. По овој повод, нанивната фан страница на Фејсбук, момците го напишаа следното:

„Во текот на годината имаме измеѓу 150 и 200 настапи, но, нашиот роденден ни е дефинитивно омилениот ‘GiG’! Навистина се трудиме секоја година да бидеме подобри од предходната. За таа цел, програмата на нашиот роденденски концерт ја збогативме со 5 диџеи(Dj Mamlyooo, Dj Sinisha, Igor Trips, David Kay, Dj Jove) а како специјален гостин ни доаѓа нашата соработн1ичка и драга пријателка Леа, со која заедно го изработивме последниот ‘сингл’„Да дишеме слободно“.

Нема да ве бомбардираме со ‘нотификации’ и досадни покани од милион профили, туку, ‘Нај НајНај – Искрено’ преку овој пост ве каниме СИТЕ за заедно да направиме ‘Rock’n’Roll’ и ‘Hou(nd)se’ хепенинг што ќе се памети.

14.08.2013 ‘Club Calypso’-Прилеп.. Среда е денот!“



Врати се горе ↑