Настани marga-sol

5 декември, 2012

Роденденска забава на „Бисерко“ заедно со Марга Сол

Овој викенд е во знакот на најголемата роденденска прослава во Берово, во придружба со новите снежни наноси во планинското Берово ќе одбележи една година од стартувањето на хумористичниот сајт „Бисерко“ (biserko.mk) и три години од постоењето на познатите „Беровски Бисере“.

На 8-ми декември со почеток во 21 часот во клубот „Рефреш“ младите хумористи кои три години по ред го користат псевдонимот „Беровски Бисере“ актуелни на порталот www.biserko.mk ги канат сите поддржувачи на нивниот хумор да дојдат на заедничката прослава со неповторливата Дј Марга Сол и Дј СП.
Вечерната музичко – освежувачка програма е исполнета со ексклузивно ниски цени на пијалаци како и бесплатен влез за сите возрасти. Се гледаме во Берово.

Среќен роденден, Бисерко!



Врати се горе ↑