Настани tdfu bday teaser

17 јуни, 2015

Роденденска „Trap Da F*ck Up“ журка со Томсајз

На 27 јуни (сабота) во дворот на Капан Ан, TRAP DA F*CK UP колективот го слави својот прв роденден. За да ја одбележат 10. јубилејна журка и да им оддадат почит за поддршката на фановите на трап звукот, на роденденот доаѓа и специјален гостин. Овој пат Скопје ќе ја има честа да се журка заедно со светски познатиот трап артист – Tомсајз (Тomsize).

 

Томсајз ja освои светската трап сцена со својата одлична продукција и ремикс изданија кои ги забележаа едни од најдобрите издавачки куќи како „Мед дисент“ (Mad Decent – основана од Дипло) и „Спинин рекордс“ (Spinnin records). Неговите песни (Jump, Trap Life, All that Ass, Twerking Dance) бележат милиони прегледи на најпознатите трап канали „TRAP CITY“ и „ALL TRAP MUSIC“. Овој француски диџеј и продуцент го шири трап звукот насекаде низ светот, а на 27 јуни ќе ја имаме шансата да го чуеме неговиот енергичен сет и во Скопје.

 

На сцената во Капан Ан покрај Томсајз ќе настапат и електронското дуо „Аномалиа натива“ (Anomalia Nativa), диџеј Ајри Скреч (DJ Irie Scratch) и „Бејс инфјужн“ (Bass Infusion). Задолжен за визуелното искуство на публиката ќе биде виџеј Мутер (VJ Muter). Карти ќе може да се набават на самиот влез на Капан Ан на денот на настанот. Влезот чини 300 денари до 01.00 часот, а потоа 400 денари.



Врати се горе ↑