Свет article_big_1382525198EMA_najava_izvodjaaa_no3-vudu

24 октомври, 2013

Робин Тик, Снуп Дог и Афроџек на MTV EMA 2013

По Мајли Сајрус, Кејти Пери и Д Килерс, списокот на изведувачи кои ќе настапат на претстојното доделување на Европските музички награди на MTV е дополнет и со имиња како што се Снуп Дог, Робин Тик, Афроџек и Имаџин Дрегонс. MTV објави и дека пејачката и модел Иги Азалиа и британската музичарка Ели Гоулдинг потврдиле дека ќе се појават како презентери на доделувањето на MTV EMA 2013а имињата на останатите изведувачи и презентери ќе бидат објавени во наредните денови.

Двократниот добитник на ЕМА награди и водител на доделувањето во 2007 година, Снуп Дог триумфално се враќа на оваа манифестација со специјалното фанк издание на песната „Gin and Juice“, заедно со 7 Дејс оф Фанк, означувајќи 20 години од легендарниот албум „Doggystyle“. Снуп ќе настапи заедно со Афроџек на посебен настан кој ќе биде одржан во популарниот клуб Melkweg во центарот на Амстердам. Нивниот луд настап ќе биде дел од преносот на доделувањето на MTV EMA 2013. Афроџек, кој годинава е номиниран за две ЕМА награди, се враќа во родната Холандија со својот дебитантски настап на MTV EMA, а неговиот нов хит сингл „The Spark“ е музичка тема за овогодинешното доделување.

Својот прв настап на овие доделувања ќе го имаат и Робин Тик и Имеџин Дрегонс. Како бонус на неговата неверојатно возбудлива година, Тик е номиниран во четири категории – за најдобра песна и најдобар видео запис за „Blurred Lines“ со Ти Ај и Фарел, најдобар World Stage настап и најдобар американски изведувач. Имеџин Дрегонс имаат две номинации за ЕМА – најдобар нов изведувач и најдобар Push изведувач. МТV Push е иницијатива со која се поттикнуваат најперспективните изведувачи на патот да станат светски суперѕвезди.

„Благодарен сум  и возбуден што сум номиниран и настапувам на овогодинешното доделување на ЕМА. Знам дека тоа ќе биде фантастична ноќ!“ – изјавил Тик.

„Навистина е кул да се биде номиниран за две ЕМА награди, како и тоа да се настапува на доделувањето! ЕМА ми се едни од најдрагите доделувања на награди, а тоа што се одржуваат токму во Амстердам, ги прави уште подобри. Што и да биде, среќен сум што сум номиниран и не можам ни да Ви опишам колку е лудо тоа што мојата песна „The Spark“ е официјална музичка тема на овогодишнешните доделувања.“ – изјави Афроџек.

Џастин Тимберлејк и Меклмор и Рајан Луис со по пет номинациии се на врвот на списокот на номинирани артисти за годинава, додека Лејди Гага, Џастин Бибер, Мајли Сајрус и Робин Тик се натпреваруваат за по четири награди. Тејлор Свифт, Бруно Марс, Грин Деј, 30 Секндс ту Марс, Дафт Панк, Рудиментал, Ајкона Поп и Уан Дајрекшн имаат по три номинации, а изведувачите номинирани во две категории се Ријана, Кејти Пери, Еминем, Џеј Зи, Бастил, Имеџин Дрегонс, Д Килерс, Парамор, Рита Ора, Дрејк, Афроџек, Авичи, Келвин Харис и Иги Азалиа.

MTV дополнително ќе ги соопшти имињата на останатите изведувачи и презентери на MTV EMA 2013, а гласањето за сите категории на адресата mtvema.com е отворено до 8-ми ноември. На истата адреса можете да гласате и за категоријата Best Adria Act, која ќе трае до полноќ вечерва (24-ти октомври), а за престижната награда годинава се номинирани белградските бендови С.А.Р.С. и Сви на под!, хрватскиот кантавтор Филип Диздар, пејачката Катја Шулц од Словенија и раперот Френки од БиХ. Од утре, (25-ти октомври), освојувачот на оваа титула ќе продолжи да се натпреварува за наградата Best European Act, кајшто ќе се најде во конкуренција со победниците од останатите региони на Европа.

Доделувањето на MTV EMA 2013 ќе има директен пренос во недела, 10-ти ноември во 21 часот од салата Ziggo Dome во Амстердам.

 Извор и фото: mtv.rs



Врати се горе ↑