Настани 72d86960-d98c-4c22-ac73-9ef469063f1d

23 декември, 2015

Робин Шулц и Ники Ромеро ја предводат саботната треска на „Егзит денс арена“!‏

Најголемите подумски хитови на планетата стигнуваат на тврдината

Саботната вечер на „Денс арена“ е еден од заштитните знаци на фестивалот „Егзит“, кога река фанови си заминуваат кон својот дом дури кога сонцето е високо издигнато над земјата. И оваа година, најголемата танцувачка арена во овој дел од планетата ќе ги угости некои од најголемите имиња на современата електронска сцена. Германската суперѕвезда Робин Шулц (Robin Shultz) на Арената ќе ги донесе некои од најголемите денс хитови од оваа деценија со кои ги собори светските топ листи, водечките фестивали и клубови ширум планетата. По освојувањето на првото место на топ листите на сите европски земји со дебитантскиот хит „Prayer in C“, продаден во неколку милиони примероци, Шулц стана глобален музички феномен, а неговите песни на сервисот „Спотифај“ бројат стотици милиони преслушувања, истовремено бележејќи над милијарда прегледи на Јутјуб!

Минатата година тој ја одбележа со новиот албум и истоимениот хит-сингл „Sugar“, но и соработките со ѕвездите како што се  Моби, Ејкон и Могваи, како и номинацијата за  наградата „Греми“. Нему истата вечер ќе му се придружи штитеникот на Дејвид Гета, во моментов водечката холандска диџеј ѕвезда Ники Ромеро, кој е прогласен за еден од најдобрите од страна на публиката на „Диџеј маг“! Зад себе има соработки со ѕвезди како Ријана, Бритни Спирс, Тиесто, Дејвид Гета, Келвин Харис, Авичи и Хардвел, како и европската награда на Ем-ти-ви за најдобар холандски изведувач. Резидент е на најславните клубови на Ибица и хедлајнер на светските електронски сцени како што се „Тумороуленд“ и „Ултра“, а „Денс арената“ ќе ја затресе со мегахитовитен „Legacy“, „Symphonica“ и „Toulouse“, тандемската продукција на синглот „I Could Be The One“ со Авичи, како и новата нумера „Let Me Feel“.

EXIT MAGIC 2016: Saturday Night’s Fever: 

Сем Фелд (Sam Feldt) својот брз успех на сцената го достигна со хитот „Show Me Love“ и освојувајќи ги највисоките места на европските топ листи со статус на една од најслушаните песни во изминатите неколку години. Feldt продолжува да нижи успеси со хитовите како „Midnight Hearts“, настапувајќи ширум светот и делејќи ја сцената со најголемите диџеј имиња како што се Кајго, Робин Шулц, Томас Џек или Колш. Хадриен Федерикони, повеќе познат како Федер (Feder) ќе ја надополни листата на современи хаус ѕвезди во рамките на саботната треска на „Егзит денс арената“. Како добитник на наградата за најдобар нов француски диџеј, Федер во светот на дип-хаус музиката се истакна со неверојатниот ремикс на траката на Родригез „Sixto“, а потоа и ширум светот популарната „Goodbye“ која беше број 1. на Ајтјунс листата за цела Европа, вклучувајќи ги и водечките радио станици во нашиот регион!

Фестивалот „Егзит“ ќе се одржи од 7 до 10 јули 2016 година на Петроварадинска тврдина во Нови Сад, додека актуелниот носител на титулата за најдобар европски фестивал до 40.000 посетители, фестивалот „Си денс“ ќе се одржи на плажата Јаз во Будва од 14 до 16 јули 2016 година. Патувањето низ магичната „Езгит“ Авантура 2016 досега го потврдија и во моментов најголемата хип-хоп ѕвезда Виз Калифа, поп сензацијата Бастил, хитмејкерот „Лост фрикуенсис“, апсолутниот хаус фаворит Соломун, таткото на драмендбејз звукот Енди СИ, официјално најдобриот европски рапер Стормзи, наследникот на Скрилекс, Зомбој, импресивната листа на X-Bass изведувачи: Мис Дајнамајт, диџеј Хајп, Саб Зиро, Вилкинсон со ем-си Ад-апт и „Модстеп“, како и првите изведувачи на „Фјужн“ бината, „Даб пистолс“ и Кенсингтон.

Голема новогодишна акција: 1 влезница за 2 фестивала!
За време на новогодишната акција, влезниците за „Егзит“ се достапни по промотивната цена од 3.599 денари, со 70% попуст и со подарок влезница за „Си денс“ фестивал! Строго ограничениот број на влезници во рамките на оваа акција во Македонија е достапен преку продажната мрежа на МКтикетс, а повеќе информации за новогодишната понуда можете да најдете на mktickets.mk и на exitfest.org



Врати се горе ↑