Аудио

5 август, 2018

Робин се враќа со „Missing U“

Шведската електро-икона Робин се враќа на музичката сцена со нов материјал по пауза од осум години, а како вовед во нејзиното осмо по ред студиско издание деновиве стигна темата насловена „Missing U“.

„Песната е за она што се случува кога луѓето ќе исчезнат… и тогаш како да стануваат уште појасни и можеш да ги видиш насекаде“, објаснила ѕвездата, а иако темата е отворена за интерпретација, не е тешко да се заклучи дека ја посветила на нејзиниот долгогодишен пријател и продуцент Кристијан Фалк, кој во 2014 година почина од рак на панкреасот.

Сето тоа е дополнето и со посвета за нејзините трпеливи обожаватели кои долго чекаа на нов материјал од својата миленичка. Таа откри и дека новиот албум е речиси готов и вети дека ќе го објави до крајот на годината. Како звучи повратничкиот сингл на Робин дознајте во продолжение, а потоа погледнете ја и видео-пораката до нејзините обожаватели. Уживајте!

 

 



Врати се горе ↑