Свет Robbie_Williams_site_screenshot

27 февруари, 2013

Роби Вилијамс сними песна за Британските награди

Британските музички награди кои беа доделени на 20-ти февруари го инспирирале познатиот член од бендот Тејк Дет да напише песна. Како што пишува на неговиот блог, Роби Вилијамс ја напишал оваа песна во саботата, ја снимил во неделата, а ја претставил во понеделникот бидејќи решил да каже што навистина мисли за овогодинешното доделување, додавајќи дека песната „не треба да се пушта ако има деца во близина“. Насловот на песната гласи „Brits 2013“, а започува со изјавата „Беше толку досадно…“.

Исто така, пејачот за 11-ти март го најави објавувањето на новиот сингл од албумот „Take The Crown“, а тоа ќе биде нумерата „Be A Boy“.

 

Извор:Idolator



Врати се горе ↑