Концерт rw

20 март, 2015

Роби Вилијамс на 17 јуни во Белград?

Роби Вилијамс за прв пат ќе настапи во Србија на 17 јуни, дознава српски „Блиц“, додавајќи дека концертот во Белград ќе се одржи во организација на фестивалот „Егзит“, во рамките на турнејата „Let Me Entertain You“. Познатиот британски пејач, кој ќе го отвори и годинешното издание на фестивалот „Сигет, ќе настапи и во Романија, Белгија, Данска, Шведска, Италија, Бугарија, Холаднија, Израел… деталниот список со концертни датуми можете да го погледнете oвде.

Поранешниот член на „Тејк дет“ само во текот на својата соло кариера продал преку 70 милиони албуми, а освоил и повеќе БРИТ награди од кој било друг изведувач пред него. На оваа турнеја акцент ќе стави на материјалот од своето последно издание „Swing Both Ways“, со кое по 11. пат го освои врвот на британската топ листа, изедначувајќи го рекордот кој го држел легендарниот Елвис Пресли.

 



Врати се горе ↑