Настани rw

3 февруари, 2015

Роби Вилијамс ќе го отвори „Сигет 2015“

Со концерт на познатиот британски музичар Роби Вилијамс ќе започне годинешното издание на фестивалот „Сигет“, а овој настап на „Островот на слободата“ ќе биде во рамките на неговата турнеја „Let Me Entertain You“. Најдобриот европски фестивал годинава ќе започне на 10 август, а во рамките на седумдневната програма се предвидени и настапите на „Флоренс енд д машин“, „Алт Џеј“, „Ејволнејшн“, „Бластерџекс“, „Џејми Вун и многу други.

За првиот ден, во чии рамки ќе биде и концертот на Вилијамс, влезниците се во ограничен број од 25.000. Цената за првите 10.000 ќе изнесува 59 евра, а следните ќе бидат по цена од 65 евра. Истото важи и за останатите еднодневни влезници, а достапни се и пакет-влезници за 5 дена по цена од 199 евра и за 7 дена по цена од 229 евра.

Повеќе информации на szigetfestival.com



Врати се горе ↑