Аудио

22 октомври, 2016

Роби Вилијамс има нова, интересна балада

После најавниот сингл „Party Like a Russian“, Роби Вилијамс реши малку да ја „спушти топката“ и да ни претстави нешто сосема поинакво. Британскиот пејач штотуку ја објави песната „Love My Life“, во која пее: „Го сакам мојот живот, јас сум прекрасен, јас сум магичен, јас сум јас!“

На овој втор сингл од албумот „The Heavy Entertainment Show“, кој ќе пристигне на 4 ноември, работеа Гери Гоу и Џони Мекдејд, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑