9 декември, 2014

Роби Вилијамс го претстави видео записот за „H.E.S.“

Иако им објави „војна“ на колегите од групата „Тејк дет“, новиот албум на Роби Вилијамс е исклучен од официјалната албумска листа во Велика Британија. Имено, изданието насловено „Under The Radar: Volume 1“, кое претставува збирка од Б-страни, демо и ретки снимки на пејачот, „не успеа да се квалификува на официјалната листа бидејќи е достапен само на неговата веб страна и е објавен од страна на менаџмент, а не од издавачка куќа“, соопштија од „Офишал чартс компани“.

Иако пропадна планот за освојување на топ листите, пејачот продолжува со промоција на новиот материјал, па деновиве стигна и првиот видео запис од албумот. Станува збор за темата насловена „H.E.S.“ (скратено од „Heavy Entertainment Show“), која доби едноставен и нискобуџетен црно-бел видео запис, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

 



Врати се горе ↑