30 септември, 2016

Роби Вилијамс го исмева Путин во новиот сингл „Party Like a Russian“

Популарниот британски музичар Роби Вилијамс деновиве ги откри деталите за неговиот нов албум „Heavy Entertainment Show“, а сега стигна и првиот сингл насловен „Party Like a Russian“.

„It takes a certain kind of man with a certain reputation to alleviate the cash from a whole entire nation, take my loose change and build my own space station“ (Треба одреден вид на човек со одредена репутација да собира пари од цела една нација, со мојот кусур си изградив вселенска станица), пее некогашниот член на „Тејк дет“, а како што пишува „Сан“ (The Sun), целата песна е исмевање на рускиот претседател Владимир Путин.

robi

Уште поинтересно е тоа што ова е „прочистена“ верзија на песната:  „Морав малку да го ’изделкам’ текстот. Има 147 милиони луѓе во Русија и не сакав да ги навредам, а и не знам каква смисла за хумор имаат. Не исмевам никого и морав да тргнам некои работи само за да биде повеќе ’политички коректно’, значи ова што го слушате е ’политички коректната’ верзија“, изјавил пејачот за „Сан“.

Во песната е искористен и примерок од Ромео и Џулиета на Сергеј Прокофjев, а како звучи и изгледа сето тоа можете да погледнете горе. „Party Like a Russian“ е воведен сингл од 11. по ред, студиско издание „Heavy Entertainment Show“, кое ќе пристигне на 4 ноември.



Врати се горе ↑