Свет rw

30 ноември, 2014

Роби Вилијамс ги предизвика колегите од „Тејк дет“

Роби Вилијамс деновиве го најави својот нов албум насловен „Under The Radar: Volume 1“, кој ќе биде објавен на 1 декември, кога е закажано и новото издание на неговата матична група „Тејк дет“. Пејачот, кој членуваше во групата од самото основање заклучно до 2010 година, ќе ги предизвика поранешните колеги во трката за освојување на топ листите.

Обраќајќи им се на своите поддржувачи, Вилијамс признал дека сите околу него мислеле дека е „лудак“ што објавува албум без никаква промоција: „Ќе ви откријам една тајна. Гај Чејмберс не е среќен што ќе ги ставам овие песни на албум. Тој мисли дека сум лудак што не ги ставам на албум кој го промовиравме со телевизиски настапи, гостувања во радио и голема турнеја. Но, јас сум брзоплет човек и сакам да ги објавам сега, сега, сега!“, вели пејачот во видеото кое можете да го погледнете во продолжение.

 

Групата „Тејк дет“, пак, која по заминувањето на Џејсон Оринџ стана трио, својот седми по ред студиски албум „III“ го најави со синглот „These Days“. Преостанатите три члена, Гери Барлоу, Марк Овен и Хауард Доналд, на новиот материјал работеа заедно со продуцентите Грег Крстин (Лана Дел Реј, Кејти Пери), Џон Шенкс (Тејк дет), Стјуарт Прајс (Мадона, Килерс) и Џеф Лин.

Каков ќе биде резултатот од оваа „битка на топ листите“ ќе дознаеме наскоро.



Врати се горе ↑