Свет robbie-williams

13 ноември, 2012

Роби Вилијамс: Џеси Џеј нема долго да потрае на сцената

Популарниот пејач Роби Вилијамс проценува дека пејачка од типот на Џеси Џеј нема долго да потрае на сцената. Тој ова го изјавил во интервју за една холандска телевизија, додавајќи дека таа е супер, но ѝ дава рок уште 18 месеци.

Што се однесува на емизијата посветена на откривање на таленти, Роби нема убаво мислење ни за нив. Тој за тоа рекол дека не го гледа, бидејќи некогаш не напорсно да се гледа „тешкиот емотивен пат на натпреварувачите“ во прилозите кои се емитуваат во тие емисии, додавајќи „како тој и тој имал тежок живот, па го направил тоа и тоа, бла бла.“

Вилијамс во моментов е актуелен на листите со синглот „Candy“ и неодамна издадениот албум „Take The Crown“.

 



Врати се горе ↑