Свет 029575-robbie-williams

31 октомври, 2012

Роби Вилијамс ѝ нуди родителски совети на Адел

Ѕвездата која ја отпеа Someone Like You“ и нејзиниот партнер Сајмон Конеки пред извесно време станаа родители, само неколку недели откако сопругата на Роби Вилијамс, Ајда Филд ја роди нивната ќерка Теодора. Тој изјави дека  Ајда би била среќна ако може да ѝ помогне на новата мајка. Вилијамс кажа дека неговата сопруга и Адел се пријателки и мисли дека таа ќе ѝ понуди неколку мајчински совети, а за пејачката рече дека има масивно срце и ќе биде прекрасна мајка. Поранешниот член на Тејк Дет исто така откри дека е повеќе од среќен кога ги менува пелените на неговата ќерка, а верува дека тоа е најдобриот начин за тие двајца да се поврзат.

Уште еден интересен  и до некаде бизарен податок кој е заеднички за Роби и Адел е тоа што нивните песни „Angels“ и „Someone Like You“ се едни од најпобаруваните нумери за погребни церемонии. 



Врати се горе ↑