Свет 2012RobertPlantPA151012

19 февруари, 2013

Роберт Плант: Лед Цепелин во 2014?

Фронтменот на легендарниот бенд Лед Цепелин, Роберт Плант изјавил дека е отворен за можноста за реформирање на бендот следната година, велејќи дека неговиот распоред за 2014 година е слободен. Во разговор со 60 Minutes во Австралија, Плант рекол дека чека на иницијативата на неговите колеги од бендот Џими Пејџ и Џон Пол Џонс, а причина за нивната тишина е фактот што тие се јарци (во хороскоп): „Тие не кажуваат ни збор. Задоволни се во нивните светови и сè оставаат на мене. Јас не сум негативецот… Само да ги видите тие јарци. Јас немам што да правам во 2014.“

Последното шоу на бендот беше во лондонската О2 арена во декември 2007 година, кога на местото на покојниот член Џон Бонам на тапани им се придружи неговиот син Џејсон Бонам. Лед Цепелин во моментов се во преговори за нивниот онлајн каталог, а во предвид ги земаат музичките сервиси како што се Spotify, Rdio и Rhapsody. Овој договор ќе биде ретко дигитално издание за Цепелин, кои чекаа до 2007 година за нивните албуми на бидат достапни преку iTunes.

Во меѓувреме, гитаристот Џими Пејџ работи на ремастеринг на повеќе нумери од албумите на бендот. Тој открил дека работи на дополнителен материјал за секој албум снимен од бендот и  истиот ќе биде објавен во серија од бокс сетови, започнувајќи годинава.

Извор и фото: NME

 



Врати се горе ↑