Аудио rp-latsr

26 јуни, 2014

Роберт Плант го најави новиот албум со „Rainbow“

Пејачот на легендарните Лед Цепелин, Роберт Плант за 9 септември го најави својот десетти студиски соло албум насловен „Lullaby and… The Ceaseless Roar“. Изданието ќе го наследи албумот „Band Of Joy“ од 2010 година, на кое го придружуваше истоимениот бенд, додека од 2012 година го придружува бендот Сензејшнл Спејс Шифтерс (Sensational Space Shifters), кој стои и позади ова издание. За продукцијата на целиот албум бил задолжен 69-годишниот Плант, а како најава за истиот деновиве стигна и првиот сингл насловен „Rainbow“.

 

 

Како што јавува магазинот Consequence of Sound, по десетгодишна дискографска пауза, свој соло албум најави и гитаристот на Лед Цепелин, Џими Пејџ. Во продолжение погледнете го списокот на песни кои ќе се најдат на претстојниот албум на Плант.

  1. Little Maggie
  2. Rainbow
  3. Pocketful of Golden
  4. Embrace Another Fall
  5. Turn It Up
  6. A Stolen Kiss
  7. Somebody There
  8. Poor Howard
  9. House of Love
  10. Up on the Hollow Hill (Understanding Arthur)
  11. Arbaden (Maggie’s Babby)


Врати се горе ↑