Видео

6 април, 2019

Роберт Билбилов со ремикс на хитот „Довидување таго“

Минатогодишниот хит на нашата актуелна евровизиска претставничка Тамара Тодевска, темата „Довидување таго“ сега си доби и ремикс-издание за кое се погрижи самиот автор на музиката – хитмејкерот Роберт Билбилов. Како и повеќето песни на Тамара, така и „Довидување таго“ е една од највртените на македонските радија, создадена како резултат од соработката и со Игор Џамбазов, чиј потпис стои на стиховите, а сега ја имаме во малку поразиграна варијанта дополнета со видео од режисерот Зоран Зонде Стојановски, сето тоа снимено во Калифорнија.

My latest California trip trough my point of view <3Cinematography & Edit: Zoran Zonde StojanovskiArtist: Tamara TodevskaMusic: Robert Bilbilov

Gepostet von Zoran Zonde Stojanovski am Freitag, 5. April 2019

 

Ремиксот на овој хит од Билбилов доаѓа по макфестовската балада „Чудни места“, со која лани го освои второто место на популарниот фестивал, како и по освежените верзии на неговите хитови „Избриши ги ти солзите“ и Сега јас сум на ред“, изведени од Александар Тарабунов и Барбара Поповиќ. Како што е познато, Роберт е дел од авторскиот тим и на евровизиската „Proud“, со која Тамара следниот месец ќе ги брани боите на нашата земја во Тел Авив, а каков успех ќе постигне ќе дознаеме на 18 мај.

Tamara Brana Velkova Doviduvanje tago – REMIX!Tnx Zoran Zonde Stojanovski for the lovely video…

Gepostet von Robert Bilbilov am Freitag, 5. April 2019

 

Се надеваме дека Роберт наскоро ќе нè почести и со нова песна, па дотогаш можеме да уживаме со ремиксот на „Довидување таго“, чие видео ве очекува во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑