Балкан

24 октомври, 2017

Роберт Билбилов со одличен ремикс на хит од Арилена Ара

Освен што компонира, аранжира, продуцира (и пее) авторски песни, Роберт Билбилов одвреме-навреме знае да направи и по некој ремикс на песни од своите колеги, а токму тоа го направи со хитот I’m Sorry од младата албанска ѕвезда Арилена Ара.

19-годишната пејачка, која е најпозната по победата во втората сезона на албанскиот „Х фактор“ во 2013 година, со своите хитови полека се пробива и надвор од границите на родната земја, а дел од нејзините соработници се и македонски автори. Меѓу нив е и познатиот композитор Дарко Димитров, чиј потпис стои на музиката токму на баладата „I’m Sorry“, на која Билбилов сега ѝ даде сосема нова димензија и нов звук.

Сето тоа е спакувано и со видео налик на моден едиторијал, во кое главната улога ја има моделот Николина Славковска, а како изгледа и звучи сето тоа можете да видите и слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑