Аудио

5 мај, 2019

Роберт Билбилов направи ремикс на евровизиската „Proud“

Евровизиската песна „Proud“, со која Тамара Тодевска ќе ги брани боите на нашата земја на „Евровизија 2019“, штотуку си доби уште еден ремикс, овој пат од еден од авторите на оригиналот – Роберт Билбилов. Долгогодишниот соработник на Тамара, кој заедно со колегите Дарко Димитров и Лазар Цветкоски се потпиша на музиката и аранжманот на „Proud“, емотивната балада ја „преточи“ во ново руво, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

Ремиксот од Билбилов доаѓа непосредно пред заминувањето во Тел Авив, каде што веќе од вчера започнаа пробите на претставниците од првата полуфинална вечер. Како што е познато, Тамара ќе настапи во втората полуфинална вечер на 16 мај, а кус извадок од првата проба можеме да очекуваме веќе за неколку дена, на официјалниот евровизиски канал на Јутјуб.



Врати се горе ↑