Видео

12 октомври, 2018

Роберт Билбилов им направи ремикс на „Дупер“

„Од толку слушање на песнава, зедов ремикс ѝ направив! ’Дупер’, дечки, ептен ме ќефите, ваш фан уште од самиот почеток“, напиша Роберт Билбилов претставувајќи го ремиксот на деби-синглот на сè попопуларното трио – „Не сум твој тип“.

Od tolku slusanje pesnava zemav remix i napraviv 🙂 se nadevam ke ve razigra vaka sabajlecki,Duper decki epten me…

Gepostet von Robert Bilbilov am Freitag, 12. Oktober 2018

 

Познатиот хитмејкер неодамна се врати на музичката сцена како изведувач со одличната „Чудни места“, со која го освои и второто место на 33. издание на фестивалот „Макфест“, а откако инстантно ја освои македонската публика со „Не сум твој тип“, „Дупер“ деновиве го објави и вториот сингл „Тело за на ТВ“ и во рамките на фестивалот „Сонична младост“ на независната издавачка куќа „Пи-ем-џи рекордингс“ го имаше првиот настап во живо.

Дечки! Фала ви на сите што дојдовте вчера и се надеваме дека и вие супер си поминавте како нас. До следен пат, ДУПЕР! 🎉

Gepostet von DUPER am Sonntag, 7. Oktober 2018

 

Ремиксот на Билбилов стигна во пакет со видео во режија на Зоран Зонде Стојановски, а како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑