9 јули, 2018

Роберт Билбилов ѝ направи хит на младата ѕвезда Мина Блажев

Откако одлично нè претстави на минатогодишната детска Евровизија во Грузија, младата пејачка надеж Мина Блажев неодамна го објави својот нов сингл, овој пат подготвен во студиото на еден од најдобрите музички автори во Македонија и регионот – Роберт Билбилов. Неговиот потпис стои на музиката, текстот, аранжманот и продукцијата, а темата насловена „Веќе нема“ визуелно ја дополни Александар Ристовски Принц.

Vekje nema is out🤪 https://youtu.be/bzi2_824xZs Link in bio😋

A post shared by Mina Blazhev (@minablazev1) on

Само за потсетување, талентираната скопјанка публиката ја запозна преку учеството во музичката емисија „Пинкови ѕвездички“, а иако не постигна некој поголем успех на минатогодишното јубилејно, 15. по ред издание на детската Евровизија, Мина достојно нè претстави натпреварувајќи се со темата „Dancing Through Life“ од авторот Александар Масевски.

🤪

A post shared by Mina Blazhev (@minablazev1) on

И со овој нов сингл, кој уште од првото слушање ветува дека ќе биде летен хит, таа докажа дека крвта не е вода. Имено, Мина е внука на едната половина од популарното ар-ен-би дуо ДНК, Владимир Блажев или Панчо, па сигурни сме дека е само прашање на време кога ќе имаме можност да ги слушнеме во дует. Како звучи и изгледа „Веќе нема“ дознајте горе. Уживајте!

Link in bio🤪 @zeiss.optika ❤️❤️❤️!!!

A post shared by Mina Blazhev (@minablazev1) on



Врати се горе ↑