Свет 1417087268shades_of_gray_poster_Rita_Ora_INTEXT

29 ноември, 2014

Рита Ора во филмот „50 нијанси на сиво“

Британската пејачка со косовско потекло, Рита Ора наското би можела да стане успешна филмска ѕвезда, а сето тоа благодарение на улогата во филмот „50 нијанси на сиво“. Во интервју за списанието „ОК“, 24-годишната ѕвезда изјавила дека контроверзиите во врска со филмот биле многу корисни за нејзините актерски амбиции: „Секој ќе има свое мислење, но ова за мене е голема работа, иако се појавувам на кратко. Исто така ми отвори врати и за други филмски ангажмани, кои сè уште не сум ги најавила.“

Ора во филмот ќе се појави во улогата на Миа, посвоената сестра на Кристијан Греј. Меѓутоа, ова не е прв пат пејачката да се појави на големото платно. Претходно имаше улога во британскиот гангстерски филм „Спивс“ од 2004 година, како и во минатогодишниот „Брзи и бесни 6“.

Во претстојниот филм „50 нијанси на сиво“, во режија на Сем Тејлор-Џонсон, улогите ги толкуваат Дакота Џонсон, Џејми Дорнан, Елоиз Мамфорд, Марша Геј Харден и други. Трејлерот Ве очекува во продолжение.

 



Врати се горе ↑