Свет rita-ora

16 јануари, 2013

Рита Ора со нов стил на новиот албум

Британската пејачка со косовско потекло, Рита Ора веќе работи на својот нов албум, за кој вели дека ќе замине во една поинаква насока во музиката.

„Додека работев на првиот албум бев сосем на почетокот и не знаев точно што сакам. Имав само 18 години, но сега сум зрела личност и пејачка. Мислам дека сега ќе можам поубаво да се изразам и имам визија како сакам да ми изгледа новиот албум. Ќе биде многу “поп” – изјави Ора.

Пејачката е номинирана за годинешните Британски музички награди во категоријата за Најдобар нов британски изведувач, а две нејзнини песни се номинирани за Најдобaр британски сингл. Најновото што можевме да го видиме од Ора е видео записот за нумерата „Radioactive“, која е петти сингл од нејзиниот деби албум. Наскоро започнува и нејзината британска турнеја.

 



Врати се горе ↑