Свет 2014869-rita-ora-songstress-sessions-8-617-409

26 ноември, 2012

Рита Ора со филмско деби

Пејачката со потелко од Косово, Рита Ора своето филмско деби ќе го има  во шестото продолжение од филмскиот серијал „The Fast and the Furious 6“, а таа улога првично беше наменета за Ријана. Во светските таблоиди често се зборува дека Ора многу наликува на Ријана, како во изгледот, така и во стилот на музика, а се шпекулира дека може да и ја „укради“ кариерата на Рири.

За Ора, чија кариера ја помага познатиот рапер Џеј Зи,  често се пишува во медиумите, особено затоа што има и популарно момче, а тоа е Роб Кардашијан. Како и да е, пејачката полека но сигурно се здобива со светска слава, многу е посветена на работата,  па останува да видиме како ќе се одвива нејзината кариера, како музичката, така и филмската.

 

 



Врати се горе ↑