Видео

16 јули, 2019

Рита Ора сними ново видео во Дубаи

Рита Ора го претстави видеото за најновиот сингл од минатогодишното издание „Phoenix“, на кое се сместени и хитовите „Let Me Love You“, „Anywhere“, „Lonely Together“ со Авичи и „Your Song“. Станува збор за темата насловена „New Look“, потпишана од екипа на шведски хитмејкери како што се Џејкоб Хејзел, Сванте Халдин и продуцентското дуо „Џек енд Коук“.

Новото видео потсетува на филмскиот хит „Брзи и бесни“, а Ора можеме да ја видиме како се трка со автомобил низ улиците на Дубаи. Освен со овој нов сингл, пејачката периодов е актуелна и со соработката со Тиесто и „Џонас блу“ за хитот „Ritual“, а како изгледа и звучи „New Look“, дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑