1 април, 2014

Рита Ора се враќа со „I Will Never Let You Down“

Британската пејачка Рита Ора по кратката пауза се враќа со нов сингл насловен I Will Never Let You Down“  кој го продуцираше нејзиното момче, популарниот диџеј Келвин Харис. Оваа „енергична љубовна песна“ навистина потсетува на денс хитовите кои Витни Хјустон ги претстави на почетокот од нејзината кариера: „’I Will Never Let You Down’ очигледно е многу важна песна за мене бидејќи е љубовна песна, но потсетува и на Витни, а токму тоа беше звукот кон кој се стремевме. Сакавме да поттикнува убави чувства, како кога ќе ја слушнеш „How Will I Know“… Едноставно прави да се чувствуваш среќен… тоа е тоа што сакав да го постигнам.“ – вели 23-годишната пејачка со потекло од Косово.

Песната воедно е најава за нејзиниот втор студиски албум кој би требало да биде објавен во текот на годинава, а покрај овој сингл ќе се најде и соработка со сè попопуларното дуо Меклмор и Рајан Луис: „Имаме една прекрасна песна со Меклмор, се вика „Young Dreamers“ и е навистина одлична забавна песна посветена на децата.“ – додава Ора.



Врати се горе ↑