Аудио

21 ноември, 2018

Рита Ора објави уште една песна од новиот албум

Само неколку дена откако ја претстави „Velvet Rope“, Рита Ора нè почести со уште една песна од претстојното издание „Phoenix“, кое ќе стигне веќе в петок, на 23 ноември. Станува збор за темата насловена „Cashmere“, која заедно со претходно објавените синглови „Anywhere“ и „Let You Love Me“ ветува одлично заокружена целина, за која вредеше да се чека дури шест години.

 

Промовирајќи го новиот материјал, 27-годишната ѕвезда зачестено гостува во бројни емисии, а своите вокални и уметнички способности ги прикажа и во емисијата на британското радио Би-Би-Си 1, каде што во живо го отпеа својот хит „Let You Love Me“, како и „Attention“ од колегата Чарли Пут, со мали примеси од „American Boy“ на Канје Вест и Естел.

 



Врати се горе ↑