1 септември, 2017

Рита Ора нè почести со акустичен дует со Ед Ширан

Британската ѕвезда Рита Ора периодов е актуелна со повратничкиот сингл „Your Song“, кој го напиша заедно со својот славен колега Ед Ширан, а сега имаме можност да слушнеме и како звучи овој хит отпеан во дует. Имено, пејачката одлучи да ги почести своите обожаватели со акустична верзија на „Your Song“, а на гитара ја придружува и пее токму Ширан. Секако дека ваквите преработки се вистинско освежување, а и потсетување дека „помалку е повеќе“. Како звучи сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑