Свет ro

24 февруари, 2017

Рита Ора најави нова музика за април

Популарната британска пејачка со косовско потекло, Рита Ора ќе го претстави својот нов сингл во април, воедно најавувајќи го новиот, прв студиски албум за издавачката куќа „Атлантик рекордс“, со која потпиша договор минатата година.

26-годишната ѕвезда во изминатиот период беше оправдано отсутна од музичката сцена бидејќи нејзиното време беше исполнето со ангажманите како членка на жирито во музичките натпревари „Гласот“ и „Х фактор“, а беше водителка и во шоуто „Следниот американски топ модел“.

Последното што имавме можност да го слушнеме од Ора беше соработката со дуото „Сигма“ за темата „Coming Home“, како и самостојните синглови Poison и „Body On Me“ со Крис Браун.



Врати се горе ↑