Аудио

12 мај, 2018

Рита Ора, Карди Би, Биби Рекса и Чарли Екс-си-екс сакаат „Девојки“

Едни од најпопуларните нови имиња на светската музичка сцена, Рита Ора, Карди Би, Биби Рекса и Чарли Екс-си-екс, ги здружија силите за темата насловена „Girls“. Имено, слично како што пееше Кејти Пери во нејзиниот хит „I Kissed A Girl“ од пред точно 10 години, така и оваа екипа пее дека „понекогаш само сака да бакнува девојки“.

Песната го означи и почетокот на истоимената светска турнеја на Ора, која започна вчера во Шкотска и во чии рамки досега се закажани и концерти во Хрватска и во Бугарија. Од друга страна, сè уште нема информации за нејзиното долгоочекувано, второ по ред студиско издание, на кое пејачката работи веќе неколку години и кое ќе го наследи првенчето „Ora“ од 2012 година.

Како звучи оваа соработка на четирите девојки дознајте во продолжение.

 



Врати се горе ↑