Аудио

17 ноември, 2018

Рита Ора има уште еден потенцијален хит со „Velvet Rope“

Во пресрет на 23 ноември, денот кога конечно ќе биде објавено нејзиното долгоочекувано второ студиско издание „Phoenix“, Рита Ора реши да објави уште еден сингл, а темата насловена „Velvet Rope“ уште при првото слушање ветува да биде вистински погодок за популарната пејачка со косовско потекло.

Продуцирана од Романс и Џими Нејпс (Сем Смит), песната е вистинско освежување и покрај тоа што се зборува за несудена љубов. „Каде отиде сè, љубовта што ја делевме“, пее Ора, а како звучи сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑