Свет rita-ora-snoop-lion-torn-apart-580x435

19 јануари, 2013

Рита Ора и Снуп Лајон?

Не, не станува збор за љубовна врска, туку за соработка на новата песна насловена „Torn Apart“, за која деновиве се снимаше видео запис и тоа на егзотичните плажи во Тајланд. Младата британска ѕвезда Рита Ора деновиве ја потврди соработката со „поранешниот“ рапер, сега реге музичар Снуп Лајон, сè уште познат како Снуп Дог.

Оваа нова песна веројатно ќе се најде на вториот албум на Рита, за кој самата изјави дека ќе биде со нов стил, а ќе го наледи успешниот деби албум „Ora“, издаден минатата година. Изгледа дека и оваа 2013 година ќе биде доста успешна за младата пејачка, која е номинирана за Најдобар нов изведувач на претстојните Британски музички награди, а во категоријата Најдобар британски сингл се номинирани дури две нејзини песни. Додека го очекуваме новиот видео запис, погледнете дел од фотографиите за време на снимањето во Тајланд кои Рита ги објави на Инстаграм.

Извор: Idolator



Врати се горе ↑