Аудио

5 јануари, 2018

Рита Ора и Лиам Пејн го објавија дуетот за „50 нијанси“

Британските ѕвезди Рита Ора и Лиам Пејн уште кон крајот на минатата година открија дека снимиле дует за претстојниот филм „50 нијанси ослободени“, а сега конечно имаме можност да слушнеме што сработиле популарните колеги.

„Цел живот те чекав тебе, не барав љубов додека не те сретнав тебе“, пеат тие во темата насловена „For You“, што е сосема соодветно за самата приказна во филмот, каде што главните ликови се веќе во брак. Песната воедно е прв сингл од саундтракот за третото и последно продолжение на „50 нијанси“, чија светска премиера традиционално е закажана за Денот на вљубените – 14 февруари.

Имајќи го предвид успехот на претходните хитови од популарната трилогија, вклучувајќи го „Earned It“ (2015) на Викенд, кој доби и номинација за Оскар, се чини дека Рита и Лиам достојно одговориле на предизвикот, а каков прием ќе имаат кај публиката ќе дознаеме во периодот што следува.



Врати се горе ↑