Видео

25 септември, 2018

Рита Ора го најави новиот албум со „Let You Love Me“

После повеќегодишни препреки и одложувања, вториот студиски албум на Рита Ора конечно ќе ја здогледа светлината на денот, а изданието симболично насловено „Phoenix“ ќе пристигне на 23 ноември.

„Едно од најослободувачките чувства за мене е да изведувам и создавам музика“, напиша 27-годишната ѕвезда во соопштението за новото издание, додавајќи дека станува збор за „плод на љубовта“, како и дека беше важно за неа да го направи на свој начин.

„Ја ценам љубовта и поддршката на сите оние со кои што работев на овој албум и што ми дзоволија да создадам нешто на кое ќе бидам горда. Ми го дадоа потребното време и потребната слобода да создадам нешто од срце“, додаде таа.

Како најава за долгоочекуваниот албум, кој ќе го наследи првенчето „Ora“ од 2012 година, деновиве беше претставена и темата „Let You Love Me“, како уште еден потенцијален хит за популарната пејачка со косовско потекло. Како звучи и изгледа сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑