Аудио

19 јануари, 2018

Рита Ора е „Горда“

Рита Ора продолжува да работи со полна пареа, па покрај неодамна објавениот дует со Лиам Пејн за филмот „50 нијанси ослободени“, таа денеска го објави својот нов сингл насловен „Proud“. Станува збор за песна инспирирана од проектот „Отворен микрофон“ на „Абсолут водка“, чие заштитно лице е токму Рита, а целта на проектот е да се започне дијалог околу искуствата за прифатеноста.

Имено, трогната од пораките за себе-прифаќање и позитивност кои ги прочитала на веб-сајтот, 27-годишната ѕвезда веднаш влегла во студио за да ги преточи чувствата во песна. „Дефинитивно се инспирирав од секоја приказна што ја прочитав и се обидов сето тоа да го спојам во едно – патешествието и борбата да се победи на крајот“, рекла таа во разговор со „Билборд“. Крајниот резултат е љубовно писмо за себе, истовремено посветено на сите нејзини обожаватели, а како звучи сето тоа слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑