Свет 2000x1170_ritaora

30 јануари, 2015

Рита Ора, Џон Леџенд и Комон ќе настапат на доделувањето на Оскарите

Веќе со објавувањето на првиот изведувач на доделувањето на Оскарите, Адам Левин, извесно беше дека на сцената во театарот „Долби“ во Лос Анџелес ќе настапат и изведувачите на останатите номинирани песни во категоријата „Најдобра оригинална песна“. Покрај Левин, кој ќе ја изведе темата „Lost Stars“ од филмот „Нов рефрен“, веќе се потврдени настапите на Рита Ора, Џон Леџенд и Комон, како и кантри ѕвездата Тим Мекгро.

Британската пејачка, која полека запловува и во филмските води, ќе ја отпее темата „Grateful“ од филмот „Зад светлата“ (Beyond The Lights“, а Мекгро „I’m Not Gonna Miss You од Глен Кемпбел од филмот „Глен Кепмбел: Ќе бидам јас“, додека Леџенд и Комон ќе ја изведат со златен глобус наградената „Glory“ од филмот „Селма“, со која ќе настапат и на претстојното доделување на Греми наградите. Останува само да биде најавен и настапот на Тиган и Сара со „Лоунли ајленд“, кои ја изведуваат последната песна номинирана во оваа категорија –  „Everything Is Awеsome“ од Шон Патерсон за „Лего филмот“.

 

 

87. доделување на Оскарите ќе се одржи во недела, 22 февруари, во театарот „Долби“ во Лос Анџелес, а ќе биде пренесувано во живо во околу 225 земји ширум светот. Водител на церемонијата ќе биде познатиот актер и комичар Нил Патрик Харис, кој, меѓу другото, ќе ја изведе и мултимедијалната музичка точка „Moving Pictures“, која специјално за оваа пригода ја подготвуваат минатогодишните победници во категоријата „Најдобра оригинална песна“, односно авторите на темата „Let It Go“ од анимираниот филм „Снежното кралство“Кристен Андерсон-Лопез и Роберт Лопез.

Насловна фотографија: Oscars.org



Врати се горе ↑