Видео

5 декември, 2018

Рита Ора, Биби Рекса и многу други на шоуто на „Викторијас сикрет“

Годишното шоу на „Викторијас сикрет“ е една од ретките манифестации кои на одличен начин ги спојуваат модата и музиката, а покрај светски препознатливите модели, на модната писта настапуваат и едни од најпопуларните музички имиња во моментот.

Снимено Њујорк минатиот месец, годинашното шоу премиерно се емитуваше викендов на американскиот канал Еј-Би-Си, а меѓу изведувачите годинава се најдоа две од најуспешните пејачки со албанско потекло – Рита Ора и Биби Рекса, како и Халзи, „Чејнсмоукерс“ со Келси Балерини, Шон Мендес и „Стратс“, а сите настапи можете да ги погледнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑