Видео

7 март, 2019

Рита Ора бега од папараците во новото видео за „Only Want You“

Рита Ора го претстави видеото за својот нов сингл „Only Want You“, во кое ја прикажува мрачната страна на славата. Имено, под режисерската палка на веќе докажаната Хана Лукс Дејвис, Ора овде можеме да ја видиме како бега од папараците кои безмилосно ја бркаат насекаде и не ја оставаат на мир ниту да се напие кафе.

Објавена како петти сингл од минаготодишниот албум „Phoenix“, песната стигна во форма на своевиден ремикс, збогатен со гостувањето на американскиот рапер Блек, а како изгледа екранизацијата на „Only Want You“ дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑