Македонија risto-samardziev

17 декември, 2013

Ристо Самарџиев наскоро со нов ремикс

Нашиот познат музичар Ристо Самарџиев наскоро ќе нè развесели со ново музичко парче. Станува збор за ремикс издание на неговата песна „А ти“, која ја претстави во далечната 1998 година, но овој пат насловот на песната ќе биде „Крива си за сè“, а како автори ќе се потпишат Владимир Дочиновски Дојчин (аранжман) и Кристијан Габроски (продукција).

Додека го очекуваме новиот ремикс, во продолжение потсетете се како звучеше „А ти“.

 

Извор: МММ



Врати се горе ↑