Видео

11 март, 2019

Ристе Ристески со впечатливо видео за новиот сингл „Неизлечиво“

Охриѓанецот Ристе Ристески, кој (засега) е единствениот македонски победник во „Ѕвездите на Гранд“, деновиве ја промовираше својата втора студиска песна насловена „Неизлечиво“, заедно со мошне интересно и впечатливо видео објавено на неговиот канал на Јутјуб.

Станува збор за авторско дело на Милан Раѓен (музика и аранжман) и Дивна Миловановиќ (текст), а во создавањето на песната учествуваа и Саша Радојевиќ – Жуле (тапани), Петар Трумбеташ (гитари и бузуки), Ељез Шабани (кларинет) и Ивана Селаков (придружни вокали).

За екранизацијата на „Неизлечиво“, пак, се погрижи екипата на продукцијата „Ројал филмс“, која искористи мошне интересни визуелни ефекти, а како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑