24 октомври, 2016

Ристе Ристески повторно во „Ѕвездите на Гранд“

По учество во претходната сезона, во која испадна на чекор до крајот, Ристе Ристески реши повторно да си ја проба среќата во музичката емисија „Ѕвездите на Гранд“. Со одличната изведба на „Страх ме да те сањам“ од Џенан Лончаревиќ и „По тебе“ од Тоше Проески, талентираниот охриѓанец повторно го воодушеви жирито, а особено среќна што повторно си го гледа и слуша својот миленик беше Јелена Карлеуша, која истрча да го прегрне нашиот Ристе.

„Тој е некој што заслужува финале над сите финалиња, тој е толку харизматичен, убав и голем пејач. Ти благодарам што пееш на македонски, тој јазик звучи така секси“, рече таа, а како изгледаше сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑