Македонија Riste Risteski 4

22 февруари, 2016

Ристе Ристески – ново лице на македонската музичка сцена

Ристе Ристески, шармантниот охриѓанец кој со својата фантастична изведба на хитот „Ја ништа више немам“ од Харис Џиновиќ го помина првиот круг на регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, е новото лице на македонската музичка сцена. Имено, младиот и талентиран пејач Ристе Ристески (20) од Охрид оваа година за првпат е дел од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ и преку него на јавноста и ги презентираше своите одлични вокални способности, но и својата харизматичност и ѕвезда што ги носи во себе.

Иако поради ѕидот не можеа да видат за кого станува збор, прва која му го даде своето „ДА“ на Ристе беше токму Марија Шерифовиќ, а потоа и сите останати членови на жирито, додека Јелена Карлеуша прокоментира дека неговиот потенцијал е огромен и доколку напорно работи – тој ќе биде нова голема македонска ѕвезда со која ќе се гордее цела нација.

„’Ѕвездите на Гранд’ е едно големо искуство за мене. Не размислувам за тоа до каде ќе стигнам и оставам на времето да покаже. Деновиве постојано имаме проби со бендот и активно се подготвуваме за голем концерт во Скопје, кој ќе се одржи кон средината на месец март“, вели Ристе.

Покрај ангажманите за концертот во Скопје, Ристе Ристески во наредниот период ќе ја претстави и својата прва македонска песна. Инаку Ристе настапува заедно со групата „Маестрал бенд“ од Охрид која постои повеќе од 10 години, а во својот состав брои 7 членови: Емре Билбил – клавијатура, Славчо Донески – кларинет/саксофон, Јордан Мојсоски – виолина, Влатко Чулчески – хармоника, Даниел Аврамоски – бас клавијатури и Владо Пуцоски – тапани.

Во своето долгогодишно работење, „Маестрал бенд“ при настапи на приватни забави во локали во Охрид и охридско го збогатува својот репертоар, кој опфаќа повеќе жанрови од фолк, поп и рок. Како придружен оркестар има соработувано со голем број на македонски музички фолк ѕвезди, како по приватни забави, така и настапи од јавен карактер. Самата структура на бендот овозможува исполнување на различни музички вкусови и различни стилови на музика.

Во продолжение погледнете го настапот на Ристе Ристески во првиот круг на „Ѕвездите на Гранд“.

 



Врати се горе ↑