Видео

6 февруари, 2019

Ристе Ристески најави нова песна и отиде на гости во „Задруга“

Победникот на популарниот музички натпревар „Ѕвездите на Гранд 2017“, охриѓанецот Ристе Ристески најави нов сингл кој ќе стигне за денот на вљубените. Пејачот ја откри веста гостувајќи во повеќе емисии изминатиов период, а особено внимание привлече неговото појавување во реалното шоу „Задруга“. Имено, тој се појави како специјален гостин на забавата во шоуто, каде што ги забавуваше присутните со својата музика.

Новата песна доаѓа по пауза од цела година од објавувањето на „Добро јутро тајно“, за која го сними и првото видео во својата кариера, а што ни подготвил талентираниот охриѓанец ќе дознаеме наскоро. Дотогаш уживајте со неговиот настап од гостувањето во „Задруга“!

Извор: Вистина.мк



Врати се горе ↑