Видео Riste Risteski ZG 3 krug (3)

28 март, 2016

Ристе Ристески конечно запеа на македонски во „Ѕвездите на Гранд“

Македонецот Ристе Ристески уште еднаш ја воодушеви публиката со својата одлична изведба на популарните песни „Доџи“ од „Парни ваљак“ и „Гас до даске“ од Петар Митиќ, а со тоа заслужено се пласираше во четвртиот круг од најгледаното музичко шоу во регионот, „Ѕвездите на Гранд“.

Имено, во саботата (26 март) започна да се емитува третиот круг од „Ѕвездите на Гранд“, а во првата емисија балканската публика имаше можност да ужива во фантастичната интерпретација на охриѓанецот Ристе Ристески, кој веќе на големо го освојува регионот.

Вистинско изненадување за публиката беше одлуката на нашиот Ристе конечно да запее на македонски јазик. Тој ја изведе легендарната „Има ли песна“ од Наум Петрески и доби громогласен аплауз од присутните.

Riste Risteski ZG 3 krug (2)

Во еден момент од баражот, шармантниот охриѓанец го погреши текстот од песната „Сечаш ли се оне ночи“ која во оригинал ја изведува Харис Џиновиќ,  но дивата Јелена Карлеуша стана и го поддржа пеејќи го останатиот дел од песната.

„Ристе е многу секси, уште од сега гледам како илјадници фанови ќе врескаат по него. Македонија треба да биде горда и силно да го поддржи, ова момче пее фантастично и изгледа многу убаво“, прокоментира Јелена Карлеуша за еден српски медиум.

Како потсетување, на 19 март во арената „Вип“ во Скопје, Ристе Ристески заедно со „Маестрал бенд“ настапи како предгрупа на концертот на Саша Ковачевиќ.



Врати се горе ↑